Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз 1-0 од селекцијата на Велс, кој ја потисна на последното место во групата на едно коло до крајот.


Стрелец на победничкиот погодок во Кардиф беше Симон Чрч по додавањето од Крег Белами во 67-та минута од дуелот. Македонија преку Пандев имаше две можности да израмни, но ударите на капитенот ги скроти велшкиот голман.

Во финишот на мечот репрезентативниот голман Томе Пачовски спречи втор погодок откако му го одбрани ударот од белата точка на Арон Ремси.

За да го избегне последното место во групата „рисовите“ треба да ја совладаат Србија на гости во десеттата рунда од мундијалските квалификации, a Велс и Шкотска да претрпат порази.

Мх.П.