Сегашниот голман на Охрид, Благојче Трајкоски и поранешниот, Кирил Колев ќе го бранат голот на Македонија на премиерниот меч на Мундијалот во Франција против Тунис.
Селекторот на „црвено жолтите“, Лино Червар довербата им ја додели на Трајкоски и Колев, а на трибините го испрати Никола Митревски.
Покрај голманот на Бенфика првиот меч на Македонија ќе го пропуштат пикерот на Металург, Жарко Пешевски и левиот бек, Ристо Арнаудовски.
Македонија против Тунис игра в четврток со почеток во 17 и 45 часот.
OhridNews