Целта е остварена. Македонија е дел од главната рунда на Мундијалот во Египет. „Црвено жолтите“ во трите преостанатите мечеви ќе се судрат со познати селекции, кои доаѓаат од стариот континент.
Избраниците на селекторот Данило Брестовац натпреварите ги започнуваат утре во 15:30 часот, против селекцијата на Словенија. Вториот дуел од главната рунда, Македонија ќе го одигра на 22 јануари истиот термини но против Русија. Треиот и последен меч, македонските ракометари го играат на 24 јануари во 15 часот и 30 минути.
Македонија главната фаза ќе ја започне без бодови, откако пораз претрпе во дуелите со Шведска и Египет.
- Распоред:
20 јануари: Македонија – Словенија (15:30ч)
22 јануари: Македонија – Русија (15:30ч)
24 јануари: Белорусија – Македонија (15:30ч)
OhridNews