В.Д селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Зоран Стратев ќе го менува составот за последниот квалификациски дуел за мундијалот во Бразил.
Стратев ќе мора да бара замена за Горан Пандев, кој по барање од Наполи предвреме замина од селекцијата и за стоперот Ванче Шиков, кој заработи три жолти картони.
Дилемата на в.д. селекторот е Адис Јаховиќ или Јован Костоски во нападот, а најголемата ја има за средината на теренот каде Македонија е најранлива. Местото на Шиков ќе го заземе Бобан Грнчаров, кој настапува во Бугарија.
Репрезентативците за мечот со Србија најавуваат дека ќе одиграат максимално борбено и оти ќе направат се да останат непоразени на последниот меч во едни од најлошите квалификации.
Мх.П.