Повремениот селектор Зоран Стратев со минимален пораз од Велс 1-0 дебитираше на клупата од македонската фудбалска репрезентација. Со поразот „рисовите“ го зазедоа последното место во Група А од квалификациите за мундијалот во Бразил.


– Не заслуживме да го напуштиме стадионот со наведнати глави во дуелот со Велс. Имавме неколку чисти прилики за погодок, во поголемиот дел од мечот ја поседувавме топката. Тоа што не го направивме ние го направија тие ја затресоа мрежата и победија – рече Стратев.

Тој на мечот со Велс им даде шанса на двајца репрезентативци Езѓијан Алијоски и Предраг Ранѓеловиќ да дебитираат во македонскиот дрес. Според селекторот тие имале одличен перформанс на деби натпреварот.

– Имавме двајца дебитанти во составот кои според мене задоволија со прикажаното, а се надевам и фудбалска јавност во Македонија. Искуство им фали на македонските репрезентативци кои погрешија кога беше најмногу потребно – додаде в.д селекторот.

Во последниот натпревар од квалификациите за СП во Бразил, Македонија на гостински терен ќе се сретне со Србија.

Мх.П.