Повремениот селектор на македонската репрезентација Зоран Стратев ги отвори картите за мечот со Велс, кој е претпоследен во квалификациите за Светското првенство во Бразил.
Од првата минута во Кардиф ќе истрча состав, кој сме навикнати да го гледаме, но со некои поситни измени како што најави Стратев. Во нападот ќе започне Горан Пандев, а не како што беше досега капитенот да игра позади најистурениот фудбалер.
Свое деби во селекцијата ќе имаат Езѓијан Алијоски и екс фудбалерот на Вардар, Предраг Ранѓеловиќ. Друштво на Ранѓеловиќ во средината ќе му прават Степановиќ, Ибраими, М. Иваноски и повратникот во селекцијата Демири. Четворката пред голот покрај Алијоски ја сочинуваат Ристовски, Новески и Шиков додека на голот е Пачовски.
Мх.П.