По пауза од два месеци на ракометниот терен се врати пивотменот на Вардар, Стојанче Стоилов. Тој се повреди на осминафиналниот натпревар со Хамбург во Лигата на Шампиони, а настрада неговото десно колено.
– Рехабилитацијата одеше како што треба и по планот. Немам повеќе болки и 100% сум подготвен да настапам на дуелите со Грција. Се надевам дека двомесечното неиграње нема да влијае на мојата форма и ќе бидам од голема помош за селекцијата во бараж дуелите со Грција – рече Стоилов.
Поради повредата пикерот ги пропушти завршните и клучните натпревари од сезоната.
– Цела сезона играш, тренираш и се трудиш да бидеш што подобар во финишот, а тогаш повреда да те оддалечи од терените цели два месеци. Но, тоа е спортот и повредите се составен дел од него – заврши ракометарот на Вардар.
Селекторот на македонската селекцијата на распологање има три ракометарите на линијата од шест метри и тоа Ванчо Димоски, Никола Маркоски и Стоилов.
Мх.П.