Среќата во ждрепката за мундијалските квалификации им го сврте грбот на женска македонска фудбалска репрезентација. Светското првенство ќе се одржи во Канада 2015 година, а Македонија во групата се најде со Шпанија, Италија, Естонија, Романија и Чешка.

Пласман во завршницата од мундијалот во Канада ќе обезбадат првопласираните селекции од седумте групи. Во групата од Македонија како фаворити се издвојуваат селекцијата на Шпанија и репрезентацијата на Италија.

Репрезентацијата предводена од селекторот Добре Димовски квалификациите ќе ги започне на 20 септември, а распоредот дополнително ќе биде одреден.

Мх.П.