Македонската фудбалска репрезентација со убедлив пораз од Србија 5-1 ги заврши квалификациите за Светското првенство во Бразил.


Дека нема да биде добро српските репрезентативци наговестија во првиот дел кога постигнаа три погодоци во мрежата на Пачовски. Голеадата ја продолжија во вториот кога уште два пати ја погодоција целта, а почесниот погодок за „рисовите“ го реализираше Адис Јаховиќ.

Македонија заврши на последната позиција во групата и ги мина едни од најлошите квалификации одиграни во својата 20 годишна историја.

Мх.П.