Шведската ракометна репрезентација, после точно две децении ќе се бори за златниот медал на Светско првенство, откако „викинзите“ повеќе од заслужено ја совладаа Франција со 32-26 во полуфиналето. Улогата на херој во полуфиналната пресметка му припадна на голманот Андреас Паличка, кој беше брилијантен помеѓу стативите. Шведскиот голман пред крајот на првиот дел изведе спектакуларна одбрана. по која „експертите“, како што ги нарекуваат французите се фаќаа за глава и останаа вчудоневидени. Погледнете!
Одбраната на Паличка
OhridNews