Драган Стојковиќ-Пикси дебитираше со победа на селекторската позиција во српската фудбалска селекција, откако неговите избраници со 3-2 (1-1) ја совладаа Република Ирска.

„Орлите“ до триумфот на стартот од квалификациите за Мундијалот во Катар стигнаа со пресврт во режија на Душан Влаховиќ, Александар Митровиќ и Душан Тадиќ. Влаховиќ уште во првиот дел ја анулираше предноста на гостите, а Митровиќ со два погодоци во второто полувреме од кој еден беше спектакуларен донесе водство 3-1. Ништо од ова немаше да биде, ако Тадиќ не беше ниво и не поделеше три асистенции до соиграчите. Ирците во финишот намалија на 3-2, резултат кој се покажа како конечен на крајот.

  • Резултати:

Група А: Португалија – Азербејџан 1-0, Србија – Република Ирска 3-2

Група Д: Финска – БиХ 2-2, Франција – Украина 1-1

Група Е: Белгија – Велс 3-1, Естонија – Чешка 2-6

Група Г: Турција – Холандија 4-2, Гибралтар – Норвешка 0-3, Латвија – Црна Гора 1-2

Група Х: Кипар – Словачка 0-0, Малта – Русија 1-3, Словенија – Хрватска 1-0.

OhridNews