На ова прашање не може да се даде точен одговор бидејќи никој не знае што се случува и што не очекува во иднина.Убедливиот пораз од Србија 5-1 ја дотолчи селекцијата на Македонија и ја запока на последното место во групата.

По завршување на мечот Дарко Тасевски, кој дуелот со Србија го помина клупата на својот официјален „фејсбук“ профил објавил кратко и јасно „приватна репрезентација“.

В.Д. селекторот Зоран Стратев со една навидум кратка изјава откри многу работи – Некои репрезентативци не сакаа да го продолжат мечот по негативата која ја имавме не полувремето, а подоцна новинарите кои присуствуваа во Јагодина јавија дека на полувремето „татнело“ во соблекувалната во Македонија.

Поголем дел од обвинувањата за ваквата ситуација со националниот состав на социјалните мрежи одат кон Фудбалската федерација на Македонија која ќе мора да излезе со свој став за лошите квалификации и случувањата на полувремето на дуелот со Србија.

Мх.П.