Шпанската кошаркарска селекција и се придружи на аргентинската репрезентација во полуфиналето на Светското првенство во кошарка кое се одржува во Кина.
„Црвена фурија“, во четвртфиналето, ја оправда фаворитската улога, и со 90-78 (22-18, 24-23, 21-17, 23-20) славеше против селекцијата на Полска.
Шпанците доминираа од почетокот до финишот на натпреварот. Сите четири четвртини им припаднаа на шпанските кошаркари и на крајот заслужено победија со двоцифрена разлика на семафорот.
Во полуфиналето, Шпанија, ќе игра со подобриот од четвртфиналната пресметка помеѓу Австралија – Чешка.
OhridNews