Србија и домаќинот Турција ќе играат за влез во големото финале на Мундобаскетот. Србија за влез меѓу најдобрите четири го елиминираше првакот Шпанија 92-89 со тројката на Теодосиќ во последните секунди од мечот.

Турција без проблеми триумфираше над Словенија со 95:68.

Денес
победниците од мечевите САД – Русија (17 ч.) и Аргентија – Литванија
(20 ч.) ќе ја одредат втората полуфинална двојка.

М.П.