Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван го скрати списокот репрезентативци со кои ќе брка пласман на Светското првенство во Катар следната година.
Подготовките за бараж натпреварот со Грција селекција ќе ги одработи во Охрид, а ќе започнат од 28 мај и ќе траат до 6 јуни.
Натпреварите со јужниот сосед се играат на седми во Атина односно петнаесетти јуни во Скопје.
На списокот најмногу репрезентативци доаѓаат од Металург и Вардар, а ракометари во репрезентацијата се вклучени и од тимот на Металург Јуниор.
Скратениот список на Обрван :
Голмани: Петар Ангелов (Вардар), Борко Ристовски (Ал Ахли Спорт Клуб).
Крила: Дејан Манасков (Металург), Гоце Георгиески (Металург), Гоце Ојлески (Металург), Златко Мојсоски (Металург).
Пикери: Никола Маркоски (Металург), Ванчо Димоски (Металург), Стојанче Стоилов (Вардар).
Бекови: Наумче Мојсоски (Металург), Филип Лазаров (Вардар), Ацо Јоноски (Металург), Велко Маркоски (Металург), Филип Миркуловски (Металург), Никола Стојчевски (Редберслид), Немања Прибак (Вардар), Кирил Лазаров (Барселона), Ренато Вугринец (Металург), Филип Талески (Металург Јуниор), Мартин Манасков (Металург Јуниор), Мартин Велкоски (Металург Јуниор).
Мх.П.