Селекторот Игор Ангеловски ги октри аудите на Македонија за воведните три натпревари од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Ангеловски и македонската селекција на Романија, Лихтенштајн и Германија ќе им се спротистават со проверени сили.
„Црвено жолтите“ првиот меч против Романија го играат на гостински терен во Букурешт, вториот со Лихтенштајн во Скопје, а во третиот ќе се судрат со Германија во Дуисбург.
Подготовките на македонската селекција стартуваат на 22 март.
- Списокот:
Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Мартин Богатинов (Етникос Ахна, Кипар), Ристе Јанков (Работнички);
Одбрана: Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Висар Муслиу (Фехервар, Унгарија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Езѓан Алиоски (Лидс Јунајтед, Англија), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија);
Среден ред: Енис Барди (Леванте, Шпанија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Бобан Николов (Лече, Италија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Тихомир Костадинов (Ружомберок, Словачка), Даниел Аврамовски (Кајзериспор, Турција), Марјан Радески (Академија Пандев), Ферхан Хасани (Партизани, Албанија);
Н апад: Горан Пандев (Џенова, Италија), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Илија Несторовски (Удинезе, Италија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Крсте Велкоски (Сарајево, БиХ), Влатко Стојановски (Шамбли, Франција);
OhridNews