Познати се двата полуфиналисти по одгираните две кола од главната фаза на СП во Хрватска.

Франција и Хрватска од 1- та група го задржаа максималниот ефект со што обезбедија пласман во натпреварите за медаљи.

Главна група 1 (Загреб) :
Шведска – Унгарија 30-31
Јужна Кореја – Франција 21-30
Хрватска – Словачка 31-25


Табела: Франција 8, Хрватска 8, Словачка 3, Унгарија 3, Шведска 2, Јужна Кореја 0.

Во нашата група во Задар последнот коло ќе го даде конечниот изглед на табелата. Сите освен Македонија и Србија имаат шанса за пласман во полуфиналето.


Главна група 2 (Задар) :

Србија – Полска 23-35
Норвешка – Германија 25-24
Данска – Македонија 32-28

Табела: Данска 6, Германија 5,Норвешка 4,Полска 4, Србија 3, Македонија 2.

М.П.