Селекциите на Србија и Португалија во интересен и до крај неизвесен натпревари освоија по бод, ремизирајќи 2-2, на пресметката во Белград. Сепак, дербито од групата А остана во сенка на судиската грешка која ја чинеше три бодови на португалската селекција. Ударот на Кристијано Роналдо ја помина гол линијата, но асистентот и главниот судија не забележаа и не го признаа погодокот. Очекувано, Роналдо лут го напушти теренот во Белград, фрлајќи ја капитенската трака на тревникот од „Рајко Митиќ“.
Има некои моменти кои треба да ги прифатиш, дури и кога чувствуваш дека целата нација ти ја оштетуваат. Главата горе, одиме кон следниот предизвик, се обрати на социјалните мрежи Роналдо, додавајќи дека секогаш со чест и привилегија ја носел капитенската лента.
Напаѓачот на Њукасл, Александар Митровиќ, пак, со гол во 46-та минута намали на 1-2 и го најави враќањето на Србија за позитивен резултат. За Митровиќ ова беше погодок вреден рекорд, бидејќи изби на чело од вечната листа на стрелци во српската репрезентација. Рекордот и добрата игра на Србија го расплакаа Митровиќ, кој најави уште подобри резултати на „орлите“.
OhridNews
СП: Голем пропуст на судиите во Белград, реми на Србија и Португалија (видео)