Македонската фудбалска репрезентација, в четврток (25 март), на гостински терен против селекцијата на Романија ќе ги започне мечевите од квалификациите за пласман на Мундијалот во Катар.
Според светските обложувалници, Романија е изразит фаворит во пресметката со Македонија. За победа на романците коефицентот е 1.77, додека за реми е 3.55. Коефициентот за триумф на Македонија изнесува 5.6.
Натпреварот на стадионот во Плотешти се игра в четврток, со почеток во 20 часот и 45 минути.
OhridNews