Во претпоследното коло од квалификациите за Светското првенство во Бразил, Македонија во Кардиф ќе се сретне против селекцијата на Велс.
Заинтересираноста кај фановите на Велс за дуелот со македонската репрезентација е мал. Од билетите не се продадени ни половина што значи дека Македонија мечот ќе го одигра во „пријателска“ атмосфера, а не како што сме навикнати да гледаме френетична на островот.
Првиот натпревар одигра на „Филип Втори“ го доби Македонија триумфирајќи со 2-1 и тогаш и сега за Велс нема да настапи Герет Бејл, кој во летниот преоден рок премина во Реал Мадрид за рекордн 100 милиони евра.
Исти проблем или незаинтересираност имаат хрватите кои ги очекува дуелот со лидерот на табелата во Групата А, Белгија. „Коцкестите“ на „Максимир“ ќе ги бодрат помалу од десет илјади навивачи, а собира повеќе од триесет илјади што е премалку за една селекција како Хрватска.
Мх.П.