Селекторот Раул Гонзалес ги одбра 18-те играчи кои ќе го бранат дресот на македонската ракометна репрезентација на Мундијалот кој ќе се одржи од 10 до 27 јануари во Германија и Данска.
Во последниот рез отпаднаа голманот Мартин Томоски и несреќниот Димитар Димитриоски кој се повреди на последниот тренинг. Местото на Димитриоски кој игра на левата крилна позиција го зазеде пивотменот Милан Лазеревски, додека Раул Гонзалес на располагање ќе има тројца голмани.
Шпанскиот стручњак со себе поведува 18 ракометари, а право за настап имаат 16. На денот на одигрувањето на натпреварот селекторот ќе одлучува кои ракометари ќе бидат во ростерот.
Македонија учеството на СП го започнува на 11 јануари против Јапонија во 15 часот. Потоа следуваат дуелите со Бахреин, Шпанија, Хрватска и Исланд.
OhridNews