Селекциите на Данска, Германија, Кореа и Шпанија се на чекор до обезбедување на пласман во полуфинаилето по синоќешните наптревари од второто коло од “главната“ фаза.

Во Скопје, Данска ја продолжи победничката серија совладувајќи јаУнгарија 34-23.  Германија со победата 37-28 над Ангола се рехабилитираше од поразот против Црна Гора, додека Романија им ги замрски сметките на Црногорките совладувајќи ги со  34-30

Табела М1 група

1  Данска           7
2  Германија      6
3  Црна Гора      5
4  Унгарија        4
5  Романија        2
6  Ангола           0

Во Охрид, водечките екипи ја оправдаа фаворитската улога. Кореа ја збриша Франција 45-28, Хрватска ја совлада Аргентина 24-20, додека мошне важна победа за влез во полуфиналето извојува Шпанија која го совлада Бразил 27-24.

Табела М2 Група

1  Кореа          7
2  Шпанија      7
3  Хрватска      5
4  Франција     5
5  Бразил          0
6  Аргентина    0

Денес е слободен ден на Мундијалот.

М.П.