Познати се осум патници во главната фаза по 4 коло од ракометниот Мундијал во Хрватска.

Од групата А понатаму продолжуваат Франција и Унгарија.
 
ГРУПА А  Двојки 4 коло :
Австралија – Романија 20-40,
Унгарија
– Аргентина 31-21,
Словачка – Франција 26-35

ТАБЕЛА: Франција 8 бодови, Унгарија 7, Словачка 5, Романија 4, Аргентина и Австралија без бодови.

Домаќинот Хрватска и Шведска се репрезентациите кои ќе играат во главната рунда.

ГРУПА Б  Двојки 4 коло :
Куба – Ј. Кореја 26-31,
Шведска – Кувајт 30-19,
Шпанија – Хрватска 22-32

ТАБЕЛА: Хрватска и Шведска по 8 бодови, Шпанија 4, Ј. Кореја 4, Куба и Кувајт без бодови.

Во нашата Ц група, акутелните прваци и вицепрваци Германија и Полска обезбедија пласман понатаму.

ГРУПА Ц Двојки 4 коло :
Алжир – Русија 28-29,
Македонија – Германија 23-33,
Полска – Тунис 31-27

ТАБЕЛА: Германија 7 бодови, Полска 6, Русија 5, Македонија 4,Тунис 2, Алжир без бодови.

И покрај поразот од Србија , Норвешка ќе и прави друштво на Данска во главната фаза

ГРУПА Д  Двојки 4 коло
С. Арабија – Бразил 24-26,
Норвешка – Србија 26-27,
Египет – Данска 17-26

ТАБЕЛА: Данска 8 бодови, Норвешка 6 , Србија 6, Бразил 4, Египет 2,  Саудиска Арабија без бодови.