Надежите за висок пласман на македонската ракометна репрезентација во кадетска конкуренција на Мундијалот кој се одржува во нашата земја завршија.Неприминлива пречка за кадетите во осминафиналето беше Португалија која славеше со 29-25 (16-13).
Нашиот најдобар натпревар на првенството не беше капитализиран со победа, вредна пласман во ТОП 8. Португалците оддолеаа на разиграниот напад во македонската селекција и притисокот од публиката и на крајот заслужено се радуваа на влез во четвртфиналето.
Португалија дури во финишот од првиот дел ја стабилизираше играта и ја запре Македонија која многу добро го отвори натпреварот. „Селесао“ со серија од 3-0 стигна до водств 15-12 и го задржа до финишот за водство 16-13.
Во второто полувреме, македонските репрезентативци после голема борба стигнаа до егал 23-23, но не зачуваа сила за завршните минути. Португалците во фото финиш беа поспретни и попрецизни и се одлепија прво на два а на крајот на четири голови за конечна победа.
Македонија настапот на Мундијалот ќе го продолжи во разигрувањето од 9 до 16-та позиција.
OhridNews