Холандските туристи кои во Охрид ги има во голем број премиерниот настап на нивната земја на Мундијал во Бразил го гледаа во кафетеријата „Милениум“.

На задоволство од „портокаловата“ армија навивачи нивните миленици им одржаа вистинска лекција на актуелните Светски прваци шпанците победувајќи ги со 5-1.

Туристичката агенција „Охрид Холидејс“ која го организираше гледањето во живо најавува уште неколку вакви посети на охридските кафичи и ресторани.


Фото : Емилио
Ohridnews