Селекцијата на Франција ги запиша првите три бодови на табелата победувајќи Австралија со 2-1 во првата рунда од Ц групата.
„Кенгурите“ им зададоа големи проблеми на французите кои се вбројуваат во потесниот круг за освојување на титулата на Мундијалот во Русија.
Ентони Гризман од пенал во 58-та минута од белата точка го отвори резултатот. Радоста на французите траеше четири минути, кога Миле Јединак од белата точка изедначи на 1-1. Одлучувачкиот погодок на мечот го постигна Пол Погба во 81-та минута од натпреварот.
Првата рунда во Ц групата ќе се комплетира со дуелот Перу – Данска кој ќе започне во 18 часот.
OhridNews