Капитенот на македонската фудбалска селекција Горан Пандев побарал од в.д селекторот Зоран Стратев ослободување од репрезенативните обврски. Македонија во последното коло од квалификации за Светското првенство во Бразил ќе се сретне со Србија во Јагодина и ќе го заврши едни од полошите циклуси.

Според некои најави селекторот Стратев го ослободил Пандев, а ако е така тој ќе биде на големи маки околу кроењето на составот за последниот квалификациски дуел. Поради повреда во составот ќе недостасува Иван Тричковски, а Ванче Шиков има три жолти картони по што ќе мора да паузира еден натпревар. Местото на Шиков ќе го заземе Бобан Грнчаров, а на Стратев останува каква солуција ќе бара за отсуството на Пандев.

Екипата на Наполи за која настапува Македонецот в петок ја очекува дерби пресметката со Рома која има 100% ефект во новата сезона од „Калчо лигата“.

Мх.П.