Македонската ракометна репрезентација по четврти пат ќе биде дел од ракометниот крем кој ќе се собере на Светското првенство во Катар следната година.
Македонија во Атина победи, но не го покажа своето вистинско лице, а во реваншот во преполниот Борис Трајковски ги згази во буквална смисла победувајќи ги со 35-22.
Дека ова ќе биде „црвено жолта“ радост репрезентативците најавија во првиот дел, постигнувајќи погодоци од секои позиции, а и атрактивни рака на срце.
Македонија со пласманот на СП го продолжува континуитетот на учевсвувања на големи натпревари.
Мх.П.