Најдобрата македонска фудбалска репрезентација во Охрид ќе се подготвува за мечот со Албанија на стартот од квалификациите за Мундијалот во Русија 2018 година.


Прозивката на сениорите во Охрид ќе биде на 30 август, а во градот под Самоиловите тврдини ќе останат до 4 септември ден пред мечот.  

Дербито со западниот сосед ќе означи почеток на новите квалификации во кои Македонија ќе се сретне уште со великаните Шпанија и Италија, Израел и Лихтештајн.

Албанија која беше дел од Европското првенство во Франција заврши со една победа во групната фаза, a Македонија ќе ја пречека во Скадар на 5 септември во 20:45 часот.

OhridNews