Актуелниот европски првак Шпанија и вицепрвак Хрватска не стартуваа според очекувања на Мундијалот во Египет, ремизирајќи со Бразил односно Јапонија со идентичен резултат 29-29.
„Кариоките“ предводени од Рожеиро Мораше и покажаа заби на Шпанија, која мораше добро се испоти да обезбеди бод во првата средба од групата. Натпреварот помина во изедначен резултатски тек, а шансата за победа ја имаа бразилците, кои не реализираа во последниот напад од мечот.
Хрватска, пак, со голот на Иван Чупиќ од „седмерец“ осигура бод во пресметката со Јапонија и избегна бламажа на стартот од Светското првенство. Ракометарите на Јапонија во целост ја заслужија победата, бидејќи во текот на дуелот имаа предност и од шест голови. Хрватите благодарание само на искуството стигнаа до бод, искористувајќи ги грешките на јапонците во финишот од натпреварот.
- Резултати:
Група А: Германија – Уругвај 43-14, Унгарија – Капе Верде (20:30ч)
Група Б: Шпанија – Бразил 29-29, Тунис – Полска (20:30ч)
Група Ц: Катар – Ангола 30-25, Хрватска – Јапонија 29-29
Група Д: Аргентина – Конго 28-22, Данска – Бахраеин (20:30ч)
OhridNews