Македонската женска ракометна репрезентација со пораз од Италија 23-20 (14-11) ги започнаа квалификациите за Мундијалот во Данска.

„Црвено жолтите“ имаа предност од пет погодоци во текот на мечот, а имаа и три голови на полувремето, но тоа не беше доволно за старт со победа.

Репрезентативките одиграа второ полувреме за заборав. Постигнаа само шест погодоци, а имаа неверојатни 25 грешки во нападот.

Италијанките кои во „Кале“ допатуваа аутсајдери сосема заслужено си заминаа со двата бодови и на македонките им го направија пласман на СП невозможна мисија.

Мх.П.