На првиот тренинг во Скопје селекторот Ивица Обрван ги одбра ракометарите кои ќе имаат задача да обезбедат што поволен резултат на првиот натпревар во бараж двомечот со Грција за пласман на Светското првенство во Катар.
Поширокиот список Обрван го скрати на 18-ет ракометари, а отпаднаа Мартин Велкоски, Мартин Манасков и голманот Стефан Кимевски.
На селекцијата и се придружи капитенот Кирил Лазаров, кој поради клупските обврски неможеше да биде дел од подготовките во Охрид.
Мх.П.