Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз 1-0 од Белгија во шестата рунда од квалификациите за мундијалот во Бразил 2014 година.


Стрелец на победничкиот погодок за “црвените ѓаволи“ беше Еден Хазард во 62-та минута од натпреварот.

Голот на Македонија долго време беше под опсада во првиот дел, но нападите на репрезентативеците на Белгија не вродија со плод.

Со исто темпо избраниците на селекторот Марк Вилмотс продолжија во вторите 45 минути. Во 55-та минута пречката беше сојузник на Пачовски по ударот на Хазард и резултатот остана непроменат.

Токму овој фудбалер седум минути подоцна го постигна решавачкиот погодок откако Георгиевски не расчисти најдобро, а Хазард умешно биеше во подалечниот агол од голот на “црвено жолтите“.

Македонија после примениот погодок се отвори, селекторот Јаневски внесе нови играчи кои донесеа свежина во играта. Најдобрата прилика за изендачувачки погодок имаше Глигоров, но неговиот удар од далечина заврши неколку сантиметри покрај голот на Куртоа.

Белгија лесно и лежерно стигна до трите бода против Македонија додека “рисовите“ лошата слика од мечевите со “црвените ѓаволи“ ќе ја поправаат во преостанатите четири натпревари во квалификаците за Светскиот првенство во Бразил 2014 година.

Мх.П.