Тандемот македонски судии Ѓорги Начевски и Славе Николов ќе ја имаат честа да го водат натпреварот за третото место помеѓу селекциите на Хрватска и Словенија на планетарниот собир во Шпанија.

“Малото финале“ на мундијалот во Шпанија е петти меч на кои Начевски и Николов се делегирани. Пред дуелот за бронзениот медал македонските судиите ги воделе мечевите Унгарија-Египет, Унгарија-Алжир и Исланд-Франција, Хрватска – Египет.

Натпреварот за третата позиција се игра во Барселона со почеток од 19:00 часот.

Мх.П.