Женската кадетска ракометна репрезентација тримфураше на Президент купот победувајќи ја селекцијата на Тунис со 23-16.

Президент купот е во склоп од Светското првенство кое сеуште се одржува во Охрид и Струмица, а во него учествуваат селекции кои не изборија пласман во нокаут фазата.

Освојувањето на Президент купот ќе биде мала утеха за неуспехот на кадетките да се преселат во Охрид каде ќе се бијат битките за медалите.

Мх.П.