Македонската ракометна селекција триумфираше 27-25 (13-12) против Грција во првиот бараж натпреварот за пласман на Светското првенство во Катар.

До триумф во Атина избраниците на македонскиот стратег Ивица Обрван стигнаа потешко од очекувањата.

Победата на Македонија која широко ги отвори вратите за пласман на Мундијалот висеше до крајот на мечот кога со два погодоци во низа беше направена клучна разлика.

Играч на натпреварот беше чуварот на мрежата Борко Ристовски, кој имаше 17 успешни интервенции.

Капитенот Кирил Лазаров реализираше седум погодоци, Манасков еден помалку со стопроцентен ефект, а четири ракометари имаа по три погодоци.

Реванш натпреварот кој треба да ја промовира македонската селекција за патник на СП се игра в недела во најголемата спортска арена Борис Трајковски.

Мх.П.