Македонската фудбалска репрезентација претрпе пораз (4-0) во Гранада од селекцијата на Шпанија во квалификациите за Светското првенство во Русија за две години.


Поразот на „Нуево лос Карменес“ стадионот е вкупно четврти за пулените на Игор Ангеловски во исто толку одиграни мечеви во квалификациите.

Шпанците во 34-та минута со помош од Стефан Ристовски и Дарко Велковски го отворија резултатот. Дефанзивниот двоец не се разбра најдобро и Велковски топкта ја смести во сопствената мрежа.


Водството на семафорот во Гранада го дуплираше Витоло со гол во 63-та минута од натпреварот.


Сигурната победа на „црвената фурија“ ја заверија Начо Монреал и напаѓачот Адуриз со погодоците во 84-та и 85-та минута.


Македонија без бодови се наоѓа на петтата позиција во групата додека Шпанија ја дели првата позиција со Италија.

OhridNews