Македонската фудбалска репрезентација на 15 октомври против Србија во Јагодина ќе го одигра последниот натпревар во циклусот квалификации за мундијалот во Бразил следната година.
Како што информираат српските медиуми „рисовите“ одбиле да тренираат на теренот каде ќе се сретнат со селекцијата на Србија. Од клубот, кој е домаќин на стадионот срдечно ги повикуваат македонските репрезентативци.
Српскиот фудбалски сојуз неодамна во тој стадион инвестираше, ставајќи столчиња, средувајќи ги трибините како и нови соблекувални.
Мх.П.