Селекцијата на Македонија претрпе пораз од Албанија (2-1) на стартот од квалификациите за Мундијалот во Русија за две години во меч кој се играше два дена.


Крајниот резултат од натпреварот можеби ќе беше поинаков и Македонија ќе избегнеше пораз, ако турскиот судија го досудеше пеналот направен над Ванче Шиков во судиското продолжение.

Вака на селекторот Игор Ангеловски, репрезентативците и македонска јавност им остана да жалат за пропуштената шанса за позитивен резултат во Скадар против инфериорната Албанија.

СП: Финишот кобен за Македонија против Албанија (видео)

OhridNews