Повремениот селектор на македонската фудбалска репрезентација Зоран Стратев нема да може да смета на услугите на Иван Тричковски, кој е повреден и ќе ги пропуши последните два натпревари од мундијалските квалификации.
Испразнетото место селекторот Стратев за дуелети со Србија и Велс го пополни со дефанзивецот на Малме, Даниел Иваноски.
Македонија по осум одиграни натпревари се наоѓа на претпоследната позиција, а со два порази во последните натпревари со сигурност ќе го заземе „фенерот“.
Мх.П.