Според светските обложувалници македонската фудбалска репрезентација на вечарашниот натпревар против Белгија од квалификациите за Светското првенство во Бразил е тотален аутсајдер.

Коефицентот за победа на “црвените ѓаволи“ е (1.20) за реми е (7) додека за триумф на Македонија коефициентот е (21).

Натпреварот се игра во 20:45 часот, а од македонска селекција најавуваат безпоштедна битка до самиот крај.

Мх.П.