Македонската ракометна репрезентација ги загуби шансите за пласман по регуларен пат на Светското првенство во Египет 2021 година, откако Европската ракометна организација (ЕХФ) ги укина евро-квалификациите. Во бараж дуелот, Македонија требаше да ги одмери силите со Франција.

Единствена опција за учество на ракометниот Мундијал, Македонија ја има преку специјалната покана од Светската ракометна организација (ИХФ), позната како „вајлд карта“.

Во трката покрај „црвено жолтите“, се наоѓаат уште девет репрезентации (Швајцарија, Холандија, Црна Гора, Украина, Србија, Полска, Русија, БиХ и Летонија) од стариот континент. Македонија, според пласман на ЕП (15-то место) и рејтингот е во пол позиција во однос на другите селекции. Но мора да се напомене, дека пласманот и рејтингот не играат главна улога во изборот за „вајлд карта“.

„Црвено жолтите“ десеттина години констатно се дел од европските и светските собири. Не играње на СП во Египет ќе значи крај на една добра серија и почеток на нова борба, која мора да се добие за доброто на мак-ракометот.

OhridNews