Македонската ракометна репрезентација одигра одличен натпревар на отворањето на 29 Светско првенство што се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка. Вечерва во Вараждин Македонија ремизираше со фаворитот Унгарија 27:27, полувреме 14:14.
Нашите ракометари можат да жалат бидејќи на 35 секунди до крајот имавме +1 и напад, но грешката во последниот напад не чинеше победа.
Сепак Македонија не треба да жали затоа што одигра одличен меч, а играта ветува дека можеме и повеќе и подалеку на ова Светско првенство.
Лидер на Македонија беше капитенот Кузманоски со 10 голови.
Втор противник на Македонија ќе биде Холандија за два дена.
Г.М.