По долгата и успешна сезона крилата од Металург, Дејан Манасков и Гоце Георгиевски се фокусираат на задачите во репрезентацијата. Македонската селекција пред себе има двомеч со Грција за пласман на Светското првенство во Катар следната година.

– Не знаеме многу работи за нив, но ние сме поквалитетни, а тоа треба да го пресликаме на теренот. Сигурно дека и тие ќе бидат мотивирани, но наша задача ќе биде да ги „отпишиме “ што побрзо – рече Георгиевски.

Победата во двомечот со Грција и пласман на Светското првенство во Катар ќе биде одличен крај на брилијтната сезона за „металурзите“.

– Ќе направиме се да се пласираме на завршницата од Светското првенство во Катар. Успешната сезона треба да биде мотив повеќе за сите нас да одиграме уште два феномелани натпревари и да ставиме точка. Верувам во сите ракометари и мислам дека имаме капацитет за големи дострели – истакна Манасков.

Во последните три години македонската ракометна репрезентација е дел од сите три големи натпреварувања, а на двомечот со Грција ќе го продолжуваат одличниот континуитет.

 

Фото : Емилио

Мх.П.