Атлетичарот од САД, Крис Колмен се закити со златен медал на трката на 100 метри на Мундијалот кој се одржува во Доха. Колмен делницата ја истрча за 9,76 секунди. После американскиот атлетичар завршија Џастин Гетлин со време 9,89 и Андре де Грас со 9,90.
CHRISTIAN COLEMAN WORLD CHAMPION?
— FloTrack (@FloTrack) September 28, 2019
За Колмен ова беше најдобар резултат на 100 метри а на вечната листа е шести. Рекордот на најбрзата делница во светот е 9,58 и е сопственост на легендарниот Јусеин Болт.
OhridNews