Фудбалерите на Англија ја совладаа репрезентацијата на Иран со 6-2 (3-0) во воведниот натпревар во групата Б на вториот ден од Светското првенство во Катар.

Англичаните доминираа во натпреварот од самиот почеток, а го скршија отпорот на противникот во 35. минута кога Џад Белингам со прецизен удар со глава го отвори резултатот.

До крајот на полувремето Англија дојде до убедлива предност со головите на Букајо Сака (43) и Рахим Стерлинг (45+1).

Првото полувреме беше продолжено за 14 минути поради повреда на главата на иранскиот голман Алиреза Беиранванд, кој мораше да биде заменет.

Во вториот дел, Сака, 62, Маркус Рашфорд ,71 и Џек Грилиш, 90 беа стрелци за Англија. Почесниот гол за Иран го постигна Мехди Тереми во 65 минута, додека во завршните моменти од средбата истиот играч го постави конечниот резултат од пенал.

Пред почетокот на натпреварот, иранските навивачи од трибините на „Калифа интернешнл“ стадионот во Доха ја исвиркаа државната хима, а иранските репрезентативци се воздражаа од пеење на химната алудирајќи со тоа на поддршка на демонтрантите во Иран.

epa10253960 A photo taken 17 December 2019 shows the Al Bayt Stadium, Al Khor, Qatar. The 60,000-seater venue will host 6 group stage matches including the opening game, one round of 16, one quarter-final and one semi-final. The FIFA World Cup 2022 will kick-off on 20 November 2022. EPA-EFE/ALI HAIDER *** Local Caption *** 55714957

Холандија почна со победа

Холандија со два гола во финишот го совлада вечерва Сенегал 2-0 (0-0) во рамки на воведното коло во групата А на Светското првенство во Катар.

Сенегал беше повеќе од рамноправен противник на дуелот на „Ал Тумама“ стадионот во Доха, но откако не реализираше неколку изгледни шанси за гол, казната дојде на спротивната страна.

Прво во 84. минута Коди Гакпо со прецизен удар со глава и донесе водство на Холандија, а печат на стартната мундијалска победа стави Дави Класен во деветтата минута од судиското продолжение.

Бејл му донесе бод на Велс против САД

САД и Велс ремизираа во вториот натпревар во рамки на групата Б на Светското фудбалско првенство, одигрувајќи вечерва 1-1 (0-1) на стадионот „Ахмад бин Али“ во Ал Рајан.

Американците дојдоа во водство со голот на Тимоти Веа во 36. минута на асистенција на Кристијан Пулишиќ, а Велс израмни преку капитенот Герет Бејл во 82. минута од пенал.

Претходно денеска во истата група Англија го совлада Иран со 5-2.

Второто коло во рамки на групата Б е на програмата в петок, кога Велс ќе игра против Иран (11 часот), додека дуелот меѓу Англија и САД е во вечерниот термин од 20 часот.

OhridNews