Може ли Македонија да ја добие втората резерва на Мундијалот и да игра за утешното 13 место.

Откако откажаа Уругвај и Чиле, Исланд ја прифати поканата и допатува во Македонија. И покрај тоа што на самиот старт сите ги отпишаа “рибарките“ беа најпријатното изнендување во првата фаза. Ремизираа со Унгарија и Словенија, а го совладаа фаворитот број еден Германија. Поразот од Романија ги прати во утешната група во Гевгелија.

Само победа е опцијата за избраничките на Новко Георгиевски кои вечерва во 19 часот ќе се “истопорат“ пред Исланѓанките.

Ни се врати самодовербата и мислам дека имаме шанси да го добиеме мечот што е клучен за првото место во групата. Исланд е незгоден тим, но ако ракометарките бидат борбени, нема да имаме проблеми – вели селекторот Новко Георгиевски.

Денес на програмата

Група М1, Скопје:

17.00    Романија – Ангола  
19.00    Унгарија – Црна Гора  
21.00    Германија – Данска  

Група М2, Охрид:

17.00    Бразил – Аргентина  
19.00    Кореја – Шпанија  
21.00    Хрватска – Франција

Група П1, Гевгелија:
19.00    Исланд – Македонија  
21.00    Казахстан -Алжир  

Група П2, Виница:
19.00      Јапонија – Тајпеј
21.00    Словенија – Австралија

ohridnews