Капитенот на Металург, Наумче Мојсоски е на поширокиот список ракометари за престојните бараж натпревари со Грција за Светското првенство во Катар.
Мојсоски поради повредата на лигаментите го пропушти Европското првенство во Данска и поголем дел од сезоната за неговиот клуб.
На списокот се наоѓа и Стојанче Стоилов, кој го пропушти крајот на сезоната поради повредата здобиена со Хамбург во Лигата на Шампиони.
Репрезентативците подготовките за бараж натпреварите со Грција ќе ги одработат во Охрид, а ќе започнат од 28 мај. Првиот натпревар се игра во Атина на 7 јуни додека повратниот на 15-ти во Скопје.
Во списокот од селекторот Ивица Обрван има 28 ракометари а доминираат членовите на Металург и Вардар.
Составот : Петар Ангелов (Вардар), Борко Ристовски (АЛ Ахли Спорт Клуб), Никола Митревски (Металург), Стефан Кимевски (Металург Јуниор), Дејан Манасков (Металург), Гоце Георгиевски (Металург), Влатко Недановски (Вардар), Влатко Јовчески (Вардар), Гоце Ојлевски (Металург), Златко Мојсоски (Металург), Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Маркоски (Металург), Ванчо Димовски (Металург), Наумче Мојсоски (Металург), Филип Лазаров (Вардар), Дејан Пецаковски (Металург), Аце Јоноски (Металург), Велко Маркоски (Металург), Филип Миркуловски (Металург), Никола Стојчески (Редбергслид), Немања Прибак (Вардар), Кирил Лазаров (Барселона), Влатко Митков (Кремс), Ренато Вугринец (Металург), Дарко Димитриевски (Пуерто Сагунто), Мартин Велковски (Металург Јуниор), Мартин Манасков (Металург Јуниор), Филип Талески (Металург Јуниор).
Мх.П.