Добро и расположено друштво, видео бим и ладно пиво е потребно за да се ужива во фудбалските натпревари од Мундијалот во Бразил. Вака некако поминува секој ден од СП во „Лескајца“ каде организирано се гледаат мечевите.
Жители на улицата „Пере Тошев“ добро се погрижиле и организирале за Мундијалското лудило да се пренесе на улицата.
– Идејата беше од поодамна, но некако немаше натпреварување кое вака ќе пробудеше интерес. Сакавме на автетичен и иновативен начин да ги гледаме натпреварите, а мислам дека успеавме во тоа – рече еден од организаторите.
До крајот на шампионатот ќе се гледаат натпреварите, а место има за секој жител и љубител на фудбалот, кој сака со добро друштво и ладно пиво да биде дел од тимот на „Лескајца“.
Михаил Постоловски