Финалето на 29 Светско првенство во ракомет ќе се одигра денеска во 18 часот во Осло. За златото ќе се борат Хрватска и Данска.
Се очекува голема битка за титулата, иако на хартија Данска ја има фаворитската улога. Сепак Хрватска покажа квалитет, но дали „коцкестите“ имаат сила за уште еден подвиг на мундијалот, останува да се види.
Претходно од 15 часот, ќе се одигра натпреварот за бронзен медал во кој ќе се сретнат Франција и Португалија.
Г.М.